Бугарските камионџии денес го блокираа граничниот премин со Турција, со цел да искажат протест поради долгите царински процедури на турската страна.
Редица од околу 200 камиони се формираше на граничниот премин Капитан Андрејево, кој е раскрсница на патиштата за целиот сообраќај кој се движи од Турција и Блискиот исток кон централна Франција, пренесе „Франс прес“.
-Турската страна сака да ја елиминира конкуренцијата, односно бугарската транспортна компанија, со воведување на дополнителните барања и долги контроли за камиони, па како последица има доцнења кои не можеме да ги објасниме на нашите клиенти-изјави сопственик на една бугарска шпедитерска компанија, Петко Ангелов.
Сопственикот Георгиј Дончев истакна дека неговите возачи често нуделе мито на турските официјални лица за да побргу обезбедат минување.
И покрај протестот патничките автомобили денес се движеа слободно.
Елена Георгиевска
Фото: Вести.бг