СДСМ: Следува прочистување на правосудството, силна ефикасна правна држава е приоритет за Владата

Од:

„Приоритет на новата Влада предводена од СДСМ е прочистување на правосудството, со комплетна и темелна проверка на имотот и материјалната состојба на секој судија и обвинител.

Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото во кое законот е еднаков за сите, а с удството мора да се прочисти, за чесните да можат да ги гонат сите кои се огрешиле пред законот.

Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Ќе биде извршена темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор“, велат од СДСМ.

„Следува разрешница на сите предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство.

За граѓаните, за иднината на државата важно е да се функционира силна ефикасна правна држава која бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата.

Затоа, обезбедуваме систем на прочистување на судството, за никогаш повеќе да не се избираат судии од нечиј тефтер, да не се носат судски пресуди по телефон, а политичари да диктираат обвиненија.

Денес сите се еднакви пред законот и секој кој ги прекршува законите, се соочува со одговорност“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски