Камелија Недев која е повеќекратен државен шампион на Македонија во категоријата деца во кати, кумите и кихон на МТКФ летниот семинар во Валона, Албанија, што се одржа минатата недела положи за црн појас 1 дан.
Камелија има осум години, а карате започна да вежба на четири години. Таа е и светски шампион во кати за деца од последниот СШ што минатата година се одржа во Германија.
Камелија Недев веќе втора година е стипендист спортска надеж на Агенцијата за млади и спорт, тренер е нејзиниот татко Дејан Недев.