ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајката кај Млечен

Од:

ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа со смртни последици кај Млечниот ресторан во Скопје.

„ВМРО-ДПМНЕ со згрозување констатира нефункционалност и целосна политичка инструираност на судската власт. Со автомобил џип преку две полни линии се уби човек и неродено бебе и за тоа доби само условна казна. Тоа е еклатантен пример за неправда на судството на Заев за кој препознатлив бренд се Луј Витон чантите и рекетот. Тоа е сликата за судството на Заев. Истото тоа судство амнестира криминал на мафијата на Заев и создава неправди“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму прашуваат дали со ваквата неправедна пресуда се штити локален моќник.

„До кога правдата во Македонија ќе биде неспроведувана? Што треба да се случи власта да престане да ги штити судиите кои не испорачуваат казни и да диригира пресуди?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ