ВИДЕО: Запленети хашиш и марихуана во прилепско, приведени тројца дилери

Од:

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Прилеп и Одделот за специјални полициски операции во координација со ОЈО Прилеп вчера (04.09.2020) околу 20 часот запленија околу 15 килограми хашиш и околу 33 килограми марихуана, или вкупно околу 48 килограми дрога, а од слобода се лишени три лица, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„На патниот правец од Прилеп кон с. Дебреште, на место во близина на градските гробишта лишен од слобода е В.И. (55) од с. Дебрешта, кај кого се пронајдени четири вреќи со околу 48 килограми дрога (хашиш и марихуана) кои ги подготвувал за транспорт. По преземени дополнителни мерки и активности, околу 20.30 часот во Прилеп е лишен од слобода Н.Д. (46) од с. Дебрешта, за кој е утврдено дека бил организатор на транспортот. Потоа од слобода е лишен и Е.И. од с. Дебрешта“, соопшти Ангеловски.

По наредба од Основен суд Прилеп, извршени се претреси на три локации во с. Дебрешта и одземени се две патнички возила, мерцедес и голф, во врска со овој случај. Приведените денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп.

„Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и друг вид на криминал“, рече Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски