Вереницата на Роналдо ги засени сите на Филмскиот фестивал во Венеција

Од:

Вереницата на Кристијано Роналдо, 26-годишната Георгина Родригез се појави на Филмскиот фестивал во Венеција во розева креација со шлиц и го „украде“ целото внимание на присутните.

Познатата манекенка во четвртокот ги засени сите со својата модна комбинација, кога на црвениот тепих се појави во свилен фустан, а имаше и маска од истиот материјал, која не ја носеше за време на фотографирањето. Накитот и високите штикли беа во иста боја.

Убавата Георгина неодамна даде интервју каде што раскажа за врската со ѕвездата на Јувентус и нивниот почеток. Како што откри, тоа било љубов на прв поглед кај двајцата, а интересно е дека се сретнале два пати последователно на настани кои биле организирани од Гучи и други модни куќи.

– Првиот пат се сретнавме додека работев во Гучи како асистент на продажба. Неколку дена подоцна се сретнавме на настан на еден друг моден бренд и дури тогаш можевме да зборуваме во опуштена атмосфера, надвор од моите работни обврски. Беше тоа љубов на прв поглед кај двајцата, опиша Георгина.

Со Роналдо се родители на ќерката Алана која се роди во 2017-та година, а Португалецот има и десетгодишен син Кристијано Роналдо Јуниор и близнаци Матеа и Ева, кои ги добил од сурогат мајка во Америка, чиј идентитет никогаш не е откриен. Роналдо неодамна во интервју откри дека е подготвен да се ожени за Герогина еден ден.

Би можело да ве интересира

„Златниот лав“ го доби филмот на Алмодовар, за многумина е крајно контроверзен

Предраг Петровиќ

Контроверзен филм кој беше награден во Венеција со 17-минутен аплауз

Предраг Петровиќ

Синот на Ричард Гир ги воодушеви сите во Венеција

Предраг Петровиќ

Светска премиера на филмот „Домаќинство за почетници“ на фестивалот во Венеција

(ВИДЕО) Објавен трејлерот на филмот за Мерлин Монро: „Нераскажан поглед за нејзиниот живот“

Предраг Петровиќ

Светска премиера „Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи на Филмскиот фестивал во Венеција