Пронајдени се тројцата унгарски туристи кои беа пријавени за исчезнати, информира охридската полиција. Пронајдени се живи и здрави среде Охридското Езеро, на потегот меѓу Градиште и Радожда
Веќе воспоставиле и контакт со унгарската амбасада во Скопје.
Унгарците изразиле жалење што дошло до сето ов, но и за начинот на кој се информирало за нивното наводно исчезнување.Биле пресреќни што се добро се завршило.
„Кога се најдовме на потегот меѓу Градиште и Радожда среде езеро забележавме како пловат неколку кануа.Претпоставивме дека се тоа Унгарците што се воде како исчезнати.Кога го забележа нашиот патролен чамец тие ни мафтаа со раце.Ги презедовме и ги замоливме да дојдат во езерската полиција во Охрид.По разговорот ќе утврдиме како се нашле во овој дел од езерото“, изјави портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димоски.
Случајот во полиција го пријавил чуварот на кампот „Градиште“,и информирал дека унгарските државјани вчера не дошле по возилото, и дека на пикапот веќе ги нема трите кајаци што претходно биле монтирани на покривот на автомобилот.
Тројцата унгарски државјани во Македонија влегле на преминот „Табановце“ на 5 мај.