Италијанската коалициска влада нема да „падне“ поради пресудата на Апелацискиот суд на поранешниот премиер Силвио Берлускони, на кого му се потврди четиригодишна затворска казна за затајување на данок, изјави денес министерот за транспорт на новата влада, Маурицио Лупи.
Апелацискиот суд во Милан вчера ја потврди пресудата на поранешниот премиер, кој и во првостепената постапка беше обвинет на четиригодишна затворска казна.
-Една неправедна казна нема владата да ја направи нестабилна-истакна тој.
Партијата на Берлускони Народот на слободата, не е дел од коалициската влада на премиерот Енрике Лета, но во е во можност да ја урне.
Берлускони ги отгрла сите обвиненија и смета дека жртва бидејќи судијата е наклонет кон левата партија. Постапката ќе стапи на сила, само доколку поресудата се потврди на двете ниво на жалбената постапка.
Елена Георгиевска