А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Спречени обиди за нелегално изнесување на минерални суровини и долари

by А1он09/05/2013 - 11:51171
Share0

Два одвоени случаи на нелегално изнесување на минерални суровини и американски долари се откриени на аеродомот „Александар Велики“ во Скопје.

Добивај вести на вибер

Во првиот случај откриени се 32 килограми минерални суровини за кои е утврдено дека се нелегално ископани од територијата на Македонија, а во вториот случај се пронајдени 37 илјади американски долари.

Минералните суровини се откриени вчера кај канадскиот државјанин Р.В. (1955) кој не пријавил ништо за царинска контрола, но во неговиот багаж при контролата пронајдени се 17  вреќички полни со неоргански минерални материи.

Во разговор со лицето утврдено е дека станува збор за мостри ископани од територијата на Македонија и Косово врз кои веќе биле извршени проспекциски геолошки истражувања без соодветна дозвола од надлежните органи на Република Македонија.

Минералните суровини се одземени, а против лицето е покрената прекршочна постапка.

Покрај ова, утрово кај македонски државјанин кој требало да патува за Загреб откриени се 37 илјади американски долари. Македонскиот државјанин А.Р. пријавил дека носи само 300 евра, но поради сомневање, при контролата од страна од царинскиот службеник пронајдени се 39,600 американски долари.

Од Царинската управа информираат дека согласно законот за девизно работење може да се изнесат девизни средства во противвредност од 2.000 евра, поради што 2.600 долари му се вратени на патникот, а останатите 37 илјади евра се одземени. Против лицето е поведена прекршочна постапка.

carinasverc

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата уапси 26-годишник кој превезуваше 10 килограми кокаин со висока чистота

Горан Наумовски02/01/2026 - 11:0502/01/2026 - 11:07

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ31/12/2025 - 22:5031/12/2025 - 22:53

Мобилен царински тим спречи нелегална продажба на над 40.000 петарди и огномети

Горан Наумовски31/12/2025 - 12:16

Шверц на културно наследство: Кумановец е уапсен на Табановце

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Спречен шверц на оружје од Турција во Македонија

Горан Наумовски25/12/2025 - 10:51

Тројца Грци уапсени на „Стар Дојран“, шверцувале муниција

Катерина Ѓуровски29/11/2025 - 11:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен