ВМРО-ДПМНЕ: Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ги создаде

Од:

„Зоран Заев наместо да прави пи-ар со делење на мандатни писма на својата старо нова влада треба да се зафати со решавање на проблемите кои самите ги создадоа.

Тој од народот има мандатно писмо да обезбеди враќање на работа на 40-те илјади лица кои останаа без работа, токму во неговиот мандат поради катастрофалните економски политики. Да овозможи грозјето на лозарите да биде откупено по достоинствени цени, да ја врати цената на струјата на нивото пред последното поскапување, кога веќе не ја поевтини како што ветуваше пред неколку години и да ја намали акцизата на горивата за да може колку толку да се спречи падот на стандардот на граѓаните. Исто така народот од него очекува да ги обештети сите оштетени во скандалот со пропаѓањето на Еуростандард банка од која навремено ги извлекоа парите Нина Ангеловска и неколку други фирми“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот во своето мандатно писмо адресирано до Заев бара неселективност и ставање крај на Луј Витон правосудството кое за дебели милиони тргувале со правдата. Се очекува да го реши проблемот со нормализирањето на образовниот процес и згрижувањето на децата во градинките, но и кратење на енормните непродуктивни трошоци кои ги прави неговата власт со набавката на луксузни возила и плати за партиските функционери во државните институции.

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински , а не да се зголемува и јавниот долг кој само за три месеци достигна нови 1 милијарда евра. До крајот на година нема да стигнат и уште 1 милијарда евра, ако продолжи оваа кримитендерашка власт да ги троши за луксуз и лично богатење, додека економијата и народот тонат во сиромаштија“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски