Путин: Ќе направиме се за засилување на безбедноста на планетата

Од:

Честитајќи го Денот на победата, рускиот претседателот Владимир Путин од Црвениот плоштад порача дека Русија ќе направи се за да ја засили безбедноста на планетата.

Путин, кој е и главенкомандант на војската на Руската федерација, истака дека руски војник, не жалејќи се себе си, ја ослободил Европа од фашизмот и дека народот засекогаш ќе го памети по тоа.

По Црвениот плоштад во рамките на воената прошетка поминаа повеќе од 11 илјада војници.

Во прошетката која што ја раководеше командантот на руската Копнена војска, генерал-полковник Владимир Чиркин учествуваше 101 воено возило и 68 авиони и хеликоптери на руската воена авијација.

На прошетката на плоштадот присуствуваа ветераните на Црвената армија, претседателот Владимир Путин, премиерот Димитриј Медведев и други официјални лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Се урна хеликоптер во Русија – четири лица загинаа при обид за слетување

А1он

Северна Кореја: Испраќањето војници во Украина би било во согласност со меѓународното право

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди станбена зграда во Киев и предизвика пожар на првите катови

ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

Русија им дала на Хутите клучни информации за ракетните напади врз бродови во Црвеното Море објави „The Wall Street Journal“