Изложба „Во длабоко и танцувајте“ на Весна Стефановска во МСУ

Од:

Од денеска до 23 септември, во Музејот на современата уметност во Скопје ќе се одржи првиот мултимедијален настан „Во длабоко и танцувајте“ (In deep and dance) на уметницата Весна Стефановска.

– Изложбата содржи десетина дела на авторката од 1998 година, меѓу кои инсталации во простор, видеоинсталации, перформанс и „ready made“ содржини, групирани, артикулирани во циклусите „Отсуство“ (Absеnce), „Возови рефлексии“ (Train reflections), „Дојдете да видите како пoминува времето“, (Come and see the time go by), „Ничија“ (Nobody’s) и „Часовник“ (Timе piece). Како и премиерата на првата инсталација и перформанс од делото „В кревет“ (Bed time) истражување на нашиот однос кон потсвеста и интимноста, која секако треба да се открие, се вели во најавата за изложбата.

Во сценографија конципирана од самата авторка, оваа изложба го опфаќа речеси целиот нејзин yметнички опус ставајќи го акцентот на делата реализирани од почетокот на 2000-тe години и група нови досега неприкажани дела.

Паралелно со поставката во Музејот на современа уметност а во рамки на изложбата „Во длабоко и танцувајте“, уметницата нуди две инсталации во јавен простор под наслов „Возови рефлексии“ (Train Reflexions) во Старата железницка станица и „Oтсуство“ (Absence) на друга локација во градот, трансгресирајќи ги на тој начин границите помеѓу ентериер и екстериер, тука и таму, отворен и затворен, личен и јавен простор. Како дел од овој пристап кон просторот инсталацијата „Oтсуство“ ќе биде реализирана во повеќе збратимени градови на Скопје во странство и на пошироко интернационално ниво.

Изложбата се реализира со поддршка и соработка со Музејот на современа уметност, Градот Скопје, Министерството за култура и Францускиот институт во Скопје.

Ова ќе биде нејзината втора самостојна изложба во земјава, по изложбата „Прозорец“ реализирана во 1997 година. Во меѓувреме, Стефановска учествувала на изложбата „Нарцисизми“ во 1999 година и перформансот „Ничија“ пред Универзалната сала во 2018 година.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска