Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14762, бројката на оздравени пациенти е 11965, на починати е 606.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2191, од кои најмногу во главниот град – 744.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 90
• Гази Баба – 78
• Аеродром – 103
• Карпош – 80
• Центар – 78
• Кисела Вода – 85
• Ѓорче Петров – 40
• Бутел – 52
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 28
• Сарај – 22
• Арачиново – 14
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-4
Од Министерството известуваат дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.