Европската Комисија не ги коментира протестите против Владата во Бугарија, но потсетува дека полицијата мора да го почитува принципот на пропорционална употреба на сила, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Европската Комисија од блиску ги следи протестите во Бугарија, ние го поддржуваме правото на мирен протест како темелно право. Иако прашањето на спроведување на законите е целосно национална компетенција, потсетуваме дека секоја употреба на сила мора да биде стриктно пропорционална, изјави Кристијан Виганд, портпаролот на Европската Комисија за правда.
Тој додаде дека Комисијата е во постојан контакт со бугарските власти и дека пораката им е пренесена.
Во Софија вчера вечер антивладините протести се претворија во судир со полициските сили, неколку лица се повредени, меѓу нив и припадници на полицијата.