Наjмалку осум лица загинаа во пожар во текстилна фабрика во Бангладеш

Од:

Најмалку осум лица загинале во пожар во текстилна фабрика во престолнината на Бангладеш, Дака, соопшти ДПА, повикувајќи се на локални официјални претставници.

Меѓу загинатите се сопственикот на фабриката и полицаец. Шестмина други се повредени. Пожарот избувнал синоќа на приземниот кат од фабриката, што се наоѓала во 11-катна зграда.

Гаснењето на пожарот траело два часа.

Се претпоставува дека пожарот бил предизвикан од куса врска, посочија претставници на противпожарната служба.

Огнот избувнал во момент кога фабриката била затворена. Се води истрага за утврдување на причините за инцидентот.

Мноштво текстилни фабрики во земјата вчера беа затворени од безбедносни причини, откако осумкатната зграда, во која имаше пет шивалници, се урна на 24 април, одземјаќи го животот на неколкустотици лица.

Две недели по трагедијата е потврдена смртта на најмалку 803 лица. Од под урнатините беа извадени 2.437 преживеани.

Спасувачките екипи стравуваат дека бројот на жртвите ќе продолжи да расте.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници