Иницијативен одбор за вонреден конгрес: Мицкоски мора да се соочи со сопствената одговорност за поразот

Од:

„Христијан Мицкоски е изолиран и осамен во претседателскиот кабинет на ВМРО-ДПМНЕ. Никој повеќе не верува на неговата глума, лажните солзи и празните и апсурдни тези.

Државниот секретар на Соединетите американски држави Мајк Помпео вчера на Зоран Заев му го честиташе формирањето на новиот владин кабинет.

Ден претходно и германската канцеларка Ангела Меркел му го честиташе реизборот на Зоран Заев како премиер и побара спроведување на реформите“, велат од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се редат честитки од сите меѓународни партнери и пријатели на Македонија, а сеуште актуелниот претседател Мицкоски се крие во својот кабинет и промовира политики со кои го оддалечува ВМРО-ДПМНЕ од стратешките определби.

Само за да ја одбегне сопствената одговорност за поразот, Мицкоски тврди дека тој победил на изборите и индиректно ги обвинува и Помпео и Меркел дека се неинформирани и дека поддржуваат влада формирана на нелегален начин.

Со ваквото делување Мицкоски прави директна и долгорочна штета на партијата.

Со негативните коментари кои по ходниците на партијата се шират за нашите стратешки партнери и се нанесува штета и на државата.

Мицкоски мора да се соочи со сопствената одговорност за поразот, а не да не доведува во конфилкт со нашите стратешки партнери.

Вистинскиот пат за да биде поразен СДСМ не е преку конфликт со САД и Германија.

Вистинскиот пат за да биде поразен СДСМ е преку оставка на Мицкоски, вонреден конгрес и избор на ново раководство“, се наведува во соопштението на Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител

(ВИДЕО) Мицкоски: Без квалитетно образование нема модерна држава