Во Музејот на современа уметност вечер ќе биде отворено 10.Биенале на млади уметници.
Темата оваа година е „Солидарност, 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје“, која го одбележува и раѓањето на идејата за отворање на Музејот на современа уметност како светска солидарна акција.
Ќе бидат доделени награди за најуспешен автор и самостојна изложба во рамки на програмските активности во иднина.
На Биеналето ќе бидат претставени 20 уметници од Македонија и тоа Алексовски Дарко, Аранѓеловиќ Весна, Арсова Илина, Богоевски Борче, Божурска Кристина, Грабулоска Софија и Талески Дарко, Иванова Ана, Јовановиќ Ѓорѓе, Јовановски Филип, Јосифовски Ристо, Јовановска Михаела, Кировска Маја, Менков Горан, Петрушевска Александра, Пулејкова Кристина, Сотировска Марија, Симовска Маргарита Тошевска Славица, Манев Марко и Шимбов Андреа.