Министерството за култура и синдикатите од културата, СОНК и СКРМ одржаа работна средба на која беше разговарано за надминување на проблемите во примената на Колективниот договор во делот за плати во областа на културата за месецот јули.
На средбата, како што соопшти Министерството за култура, беше заклучено дека причините за проблемите поради кои доцнат платите за јули се надминати и дека исплатата на платите започнува веднаш за оние институции што се подготвени. Другите ќе ги добиваат платите етапно, по усогласување на систематизациите во институциите.
Министерката за култура Ирена Стефоска упати повик до институциите кои немаат донесено нови систематизации во согласност со новиот Колективен договор тоа да го сторат во најбрз можен рок и на тој начин да ја почнат исплатата на платите, а со тоа да почнат во целост да го применуваат Колективниот договор кој стапи во сила во јануари 2020 година.