Сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам преговара со италијанскиот шампион Јувентус за аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин, информира „Калчо Меркато“.
Како што стана јасно во неделата, поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Наполи не е во плановите на новиот тренер на „бјанконерите“ Андреа Пирло. 32-годишниот Игуаин заработува 7,5 милиони евра по сезона во Торино и не е јасно дали Бекам е подготвен да му плати барем толку за натпреварите во американската МЛС лига.
Плановите на поранешниот капитен на Англија се да изгради одличен тим, полн со млади таленти и докажани играчи на европската сцена.