По повод Денот на победата над фашизмот, на 9 мај ќе се одржи протест против обидот да се воведе цензура со донесување Закон за медиуми, под мотото „Смрт на фашизмот – слобода на изразувањето“.
Протестот ќе се одржи пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје со почеток од 17 часот.
Протестот го иницира Фронтот за слобода на изразување, од каде повикуваат вашето учество да го пријавите преку Фејсбук.