Кипар ќе ја добие првата транша во износ од три милијарди евра од спасувачкиот план за островската држава во почетокот на седмицата, изјави европски официјален претставник.
Парите ќе бидат платени во понеделник. – Има политички договор за таа исплата за Кипар, истакна истиот извор, кој побара анонимност.
Се очекува освен тоа во понеделник министрите за финансии од еврозоната да ги одобрат наредните два спасувачки транши за Грција од 4,2 милиони евра во мај и 3,3 милијарди евра во јуни, додаде европскиот претставник.