ВМРО-ДПМНЕ: По принципот на бесплатно рушење кај Мавровка, бараме владата да ги сруши дивоградбите на Кале, Матка и во Охрид

Од:

„Кога веќе владата го откри идентитетот на инвеститорот на дивоградбата во Мавровка која се изгради во нивно време, и се понуди бесплатно да ја сруши, тогаш по истиот принцип бараме Владата бесплатно да ги сруши и следниве дивоградби:

1. Дивоградбата на дивата платформа на Матка

2. Дивоградбата во близина на Скопското Кале кај касарната Илинден

3. Дивоградбата на Нефи и летната тараса кај охридскиот Чинар

4. Дивоградбите по долж на охридското крајбрежје.

Доколку не го направи ова владата покажува дека сето ова е евтин театар“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа сметаме дека крими-тендерашката власт на Заев се обидува да направи театар со дивоградбата кај Мавровка. Вистината е дека токму оваа иста старо-нова власт дозволи дивоградбата да никне на едно од најфрекфрентните места во Скопје, па со месеци се натегаа чија надлежност е, па бараа преку платени огласи кој е инвеститорот, за сега наводно да поднесуваат кривична пријава и да најавуваат рушење.

Сето ова граѓаните ги чинеше и ќе ги чини пари, како преку циркусот со огласи во весници, така и преку рушењето со народни пари.

Тешко на таа држава во која Владата мора вакви драмолетки да прави од нешт кое не смеело ниту да се појави.

Смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволија да се изгради. Па оттука логично се поставува прашањето како и кога се дознал идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка? Дали ЈО знаело за ова и зошто чекало толку време? Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на непослушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот?

Што друго да се очекува од влада-дивоградба на која личното богатење, корупцијата и криминалот и се главната одлика“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски