Хокинг го бојкотира Израел поради Палестинците

Од:

Британскиот физичар Стивен Хокинг се откажа од посетата на Претседателската конференција под покровителство на израелскиот претседател Шимон Перес во знак на протест поради односот на Изрел кон Палестинците, пренесе Б92.

Хокинг не сакал својата одлука за повлекувањето од тој собир да ја објави јавно, туку му напишал писмо на Перес дека решил да „го почитува бојкотот, базиран врз познавањето на Палестина и едногласниот совет на своите тамошни академски контакти“.

Тој последен пат бил во Израел во 2006 година кога британската амбасада го поканила да ги посети Израел и палестинските територии и да се сретна со локалните научници и академици.

Од тогаш тој го сменил својот став кон Израел, осудувајќи ја тринеделната воена операција во појасот Газа на крајот на 2008 и почетокот на 2009 година, оценувајќи дека реакцијата на Израел на провокациите од палестинската територија била прекумерна.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег