Унгарија ги затвори границите, ама сепак ќе дозволи влез на туристи од Полска, Чешка и Словачка

Од:

Унгарските власти одлучија да дозволат влез на туристи од Полска, Чешка и Словачка, со „свеж“ негативен тест за коронавирус. Ова беше објавено веднаш по стапувањето во сила на мерката за затворање на границите.

Унгарија минатата недела објави дека ќе ги заостри мерките против ширење на коронавирусот, вклучително и двонеделен карантин за унгарските граѓани кои се враќаат во земјата.

Меѓутоа, по вчерашниот разговор меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и чешкиот премиер Андреј Бабиш, на чешките туристи ќе им биде дозволено да дојдат бидејќи имале платен летен одмор во Унгарија.

Туристите кои доаѓаат во Унгарија ќе треба да покажат негативен тест, не постар од пет дена.

Во Унгарија до денеска се потврдени 6.139 случаи на заразени со Ковид- 19 и 615 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Унгарија ги затвора границите и масовно коле добиток: „Можеби е биолошки напад“

Бока: Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ

Орбан: Унгарија не може да учествува во политички извалканиот Меѓународен кривичен суд