Филипче: Состојбата со епидемијата е стабилна, изминатата недела за 20 отсто помалку нови случаи

Од:

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје – Скопје, во периодот од 24 до 30 август годинава направени се 9.944 тестови за коронавирусот, а регистрирани нови 666 позитивни случаи во 29 градови низ земјава што претставува намалување од 20,6 отсто во однос на претходната недела. Најголем дел од регистрираните случаи се во Скопје, 209, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Во истиот период во 23 градови, односно седум повеќе во однос на претходната недела, бројот на новодијагностицирани е под 20. Процентот на позитивни тестирани од вкупниот број тестови 6,7 отсто, што е намалување од 0,8 отсто во однос на претходната недела и е задржан овој тренд на намалување на процентот на позитивни, рече Филипче.

Тој информира дека од случаите во изминатата недела, хоспитализирани се вкупно 71 што е намалување од 40,3 отсто во однос на претходната недела. Овој тренд се прати во сите болнички институции каде се лекуваат овие пациенти.

Филипче информира дека уште неколку возрасни паценти се останати во болницата Козле, која повторно во следниот период ќе биде наменета само за лекување на деца. Во ГОБ „8 Септември“-Скопје има значајно намалување на бројот на хоспитализрани пациенти или околу 30, што дозволува постепено да се врати нормалното функцирање на болницата, преку системот „Мој термин“.

Министерот за здравство соопшти дека пријавени се 35 смртни случаи од 13 градови. Од нив 29 имале познати коморбидитети.

– Во таа смисла од епидемиолошки аспект можам да кажам дека состојбата е стабилна, вклучително и во во врска со состојбата во болниците, потенцира Филипче.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи