Путин: Русија треба да се заштити од закани од Авганистан

Од:

Рускиот претседател Валдимир Путин изјави денеска дека Русија мора да ја зајакне својата одбрана на јужните рганици и да соработува со сојузниците во централна Азија, за да се заштити од закани на екстремно насилство од Авганистан.

На состанок на Советот за безбедност Путин рече дека силите на САД и НАТО „се уште не оствариле продор во борбата против терористичките и радикални групи“ во Авганистан како и дека тие групи стануваат се поактивни.

– Треба да го зајакнеме нашиот безбедносен систем во стратешки важната област на југ во државата вклучувајќи ја и воената компонента, изјави Путин и додаде дека Русија мора да соработува со членките на двата регионални сојузи од кои еден ја има и Кина за членка.

Русија стравува дека по завршувањето на мисијата на странските сили во Авганистан во 2014 година може да се зголемат заканите за нејзината безбедност. Путин навел дека меѓународните сили не направиле доволно во борбата против производството на дрога во Авганистан . зш/15:38

Би можело да ве интересира

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Се урна хеликоптер во Русија – четири лица загинаа при обид за слетување

А1он

Северна Кореја: Испраќањето војници во Украина би било во согласност со меѓународното право

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди станбена зграда во Киев и предизвика пожар на првите катови

ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

Русија им дала на Хутите клучни информации за ракетните напади врз бродови во Црвеното Море објави „The Wall Street Journal“