Германската канцеларка Ангел Меркел преку владиниот портпарол денеска ги осуди вчерашните протести во Берлин, на кои екстремно десничарските демонстранти се обидоа да влезат во германскиот парламент, нарекувајќи ги „срамни“.
-Викендов имавме пример за тоа како може да се злоупотреби слободата на собирање, изјави владиниот портпарол Стефан Зајберт.
Правото на мирно собирање е, како што додаде тој, „многу вредно богатство дури и за време на пандемијата на коронавирусот“.
-Меѓутоа, тоа право овој викенд беше исмеано, рече Зајберт, зборувајќи „во име на владата и канцеларката Ангела Меркел“.
Десетици илјади демонстранти, главно од радикалната десница, теоретичари на заговор и широк спектар на други антивладини организации и партии, учествуваа на големите протести во центарот на Берлин, кои беа најавени како израз на револт против заштитните мерки за заштита од коронавирусот, пропишани од државата.
???
Bravo!
What a wonderful sight ?The MASSIVE #Berlin protests yesterday, against ridiculous Covid restrictions continued on, into the night.#Covid#Covid19 pic.twitter.com/H88Jv8nXza
— Ian56 (@Ian56789) August 30, 2020
За канцеларката, протестите претставуаат „груба злоупотреба на граѓанската слобода на собирање“, а нејзиниот портпарол Стефан Зајберт во денешната изјава ги нарече демонстрантите „противници на демократијата во Германија“.
За време на викендот, демонстрантите протестираа против мерките на германските власти во борбата против пандемијата, а повеќето од нив не носеа заштитни маски бидејќи веруваат дека пандемијата не постои или дека не е толку штетна и смртоносна.
Полицијата, од друга страна, се бореше за одржување на редот во градот, во ситуација кога илјадници луѓе ги игнорираа правилата за хигиена и дистанцирање.
Sorry I deleted this Video by mistake. So here it is again. #berlinDemo #BerlinProtests #reichsbuerger und andere protestierende #sturmen #bundestag. @PolizeiBerlin_E reagiert korrekt.
.#AnticoronaDemo#reichstag#Rechtsradikale@dwnews pic.twitter.com/984qY3dit7— Achille (@AbboudAchille) August 30, 2020
Ситуацијата во главниот град ескалираше кога дел од демонстрантите ја пробија оградата која беше поставена пред германскиот парламент.
Критики и осуда на протестите пристигна и од германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, кој ги нарече последните случувања „неподнослив напад врз срцето на германската демократија“.