„Проект калабалак“ – журка по мерка до раните утрински часови во Радовиш

Од:

Шестото издание на електронскиот музички фестивал „Проект калабалак“ се одржа во саботата под силни протоколи на заштита од коронавирусот. Како што информираат организаторите публиката била во значително намален број поради ограничувањата за присуство на настани, а пред настанот им се мерела и температура на сите посетители.

Организаторот, здружението на граѓани „Experience in music“ им овозможи одлична атмосфера и забава на посетителите под отворено небо на паркингот „Орел“. Фестивалот успеа да собере 800 посетители според рестрикциите во однос на бројот на посетители поради тоа што максимално се почитуваа здравствените протоколи за одржување вакви настани.

Легендата на белградската и балканска техно-сцена Марко Настиќ и грчкиот диџеј Dino MFU беа ѕвездите на неколкучасовниот музички спектакл, со поддршка на најдобрите домашни диџеи – веќе докажаниот и еден од најдобрите во Македонија – диџеј Никифор, диџеј Ампов и диџеј Marsabb.

Целта на „Проект калабалак“ по шести пат, велат организаторите, беше да се реализира спектакл кој ќе предизвика поинакво музичко доживување за љубителите и познавачите на електронската музика.

Првото издание беше во 2015 година и остави голем впечаток кај љубителите на електронската музика од Источна Македонија.

Фестивалот се одржува со поддршка на општината Радовиш и на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов сингл на Кристина Арнаудова „Засекогаш“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јана Бурческа ја промовираше „Home alone“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дупер со нова песна

Ана Ололовска

Видеоспот за макфестовската песна „Омилен“ на Марија Спасовска

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова песна на ДНК – „Милион денови“

Ана Ололовска