Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341, бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581, од кои најмногу во Скопје -812, Куманово – 379 и Гостивар – 236.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 104
• Гази Баба – 99
• Аеродром – 99
• Карпош – 85
• Центар – 76
• Кисела Вода – 101
• Ѓорче Петров – 50
• Бутел – 58
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 26
• Сарај – 25
• Арачиново – 15
• Илинден – 14
• Сопиште – 5
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 8
• Зелениково – 3
• Странец – 8
Министерството известува дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.