Хоти го поздрави изборот на новата Влада на Северна Македонија

Од:

Косовскиот премиер Авдулах Хоти го поздрави вчерашниот избор на новата Влада на Република Северна Македонија, изразувајќи уверување дека билатералните односи меѓу двете земи ќе продолжат да се развиваат и во текот на новиот мандат на премиерот Зоран Заев.

Хоти во својата порака до Владата во Скопје му изразува искрени честитки на премиерот Заев, на неговиот кабинет и на сите граѓани на Северна Македонија.

– Уверен сум дека нашите билатерални односи ќе продолжат да се јакнат, врз основа на историски блиските и пријателски односи меѓу нашите две земји и нашите два народи. Владата на Косово и јас лично со нетрпение очекуваме да работиме со новата Влада на Северна Македонија на натамошното продлабочување на соработката во сите области. Решени сме да се посветиме пред се на зголемувањето на нашата економска соработка, која треба да ги следи одличните политички односи меѓу двете земји, се вели во честитката на Хоти.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните