Пораки од Вархеји и Хан за новата македонска влада

Од:

Европската Комисија сѐ уште не реагирала официјално на формирањето на новата влада во Северна Македонија, но еврокомесарите на своите Твитер налози упатија свои пораки.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, порача дека „со нетрпение“ очекува да соработува со новата влада на премиерот Зоран Заев на потребните реформи за ЕУ интеграција.

-Важно е сите сили во општеството да работат заедно кон оваа цел на остварување напредок на патот кон ЕУ, напиша Вархеји.

Поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан, кој беше посебно инволвиран во процесот на отпочнување преговори за членство со ЕУ во минатиот мандат на Европската Комисија, изрази задоволство со новиот владин состав.

-Добро е што повторно гледаме влада со јасна европска агенда на функција! На премиерот Зоран Заев и неговиот тим им посакувам сѐ најдобро. Во интерес на земјата, на граѓаните и повторно како модел за целиот регион, важно е да се создаде конструктивна атмосфера помеѓу политичките чинители кога станува збор за исполнување на заедничките европски цели, напиша Хан на својот Твитер налог.

Би можело да ве интересира

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго