А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Повеќе оздравени од заразени со Ковид-19, активни 2 668 случаи

by А1он31/08/2020 - 07:23362
Share0

Намалување на бројот на новозаразени со Ковид-19 е регистрирано вчера кога по подолго време имаше 39 нови случаи од направени 817 тестирања.

Следете a1on на Instagram Instagram

Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека вчера биле регистрирани 39 оздравени пациенти од корона вирусот, односно бројот на оздравени е поголем од тој на новозаразените, а починаа уште четворица пациенти.

Од новите случаи позитивни на коронавирус најголем број се во Гостивар, 11, по што следат Прилеп со осум, Скопје со седум, Куманово со три, Гевгелија и Кочани по два, како и по еден во Кратово и Свети Николе. Од оздравените пациенти најголемит број се во Штип – 46, Скопје и Гостивар со по шест оздравени пациенти, па следи Кичево со 4, Тетово со 3, Виница 2, и по еден оздравен пациент во Струга, Битола, Гевгелија, Кочани и Пробиштип.

Во болничките капацитети моментно се хоспитализрани 139 пациенти.

Следете a1on на Youtube YouTube

На Инфективната клиника биле примени нови седум пациенти. Таму вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 40, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле, пак, се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест позитивни деца, три мајки и три деца суспектни на вирусот.

Примени се двајца пациенти и во ГОБ „8 Септември“, каде вкупно се хоспитализирани 38 пациенти, од кои еден е на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип 63 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 14 330, бројката на оздравени пациенти е 11 062, а на починати е 600. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 668.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео