Излетаа вагони од шини во Србија

Од:

Недалеку од железничката станица во Лесковац денеска излетаа осум вагони од меѓународен товарен воз, кој сообраќал на линијата Солун-Суботица, поради што сообраќајот на овој дел од железничката пруга е прекинат.

Отправникот на возови во железничката станица во Лесковац, Сава Младеновиќ изјави дека нормализирање на железничкиот сообраќај се очекува дури по полноќ.

Според него, до излетување на дел од композицијата која имала 30 вагони дошло во 14 часот и 29 минути, само две минути откако возот ја нашуштил станицата во градот.

Младеновиќ истакна дека материјалната штета е голема, бидејќи има оштетување на столбовите на контактната мрежа, како и на вагоните.

Како причина за излетувањето се претпоставува дека е ширењето на шините поради високите температури.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он