Дваесет и двегодишниот Абдулах Гафури, загина во крвавиот инцидент, кој што се случи утринава околу 3 часот во скопски Чаир на улицата „Менделеева“. Според очевидци двајца браќа си ги бранеле семејствата од разбојници, а од полицијата велат пред убиството имало и тепачка.
Две лица влегле во куќата на браќата Б.З. (36) и М.З. (40). Браќата ги слушнале , по што меѓу четворицата настанала турканица.
Еден од насилницит, со рачка од пиштол удрил еден од браќата по главата, а вториот насилник во турканицата испукал куршум од автоматската пушка и го застрелал неговиот пријател, насилник во градите.
Разбојникот смртно ранет починал на лице место, по што вториот го земал оружјето и веднаш избегал.
Од МВР информираат дека телото на загинатиот е предадено на обдукција, а утврдено е дека станува збор за 22-годишниот Гафури Абдулах.
Починатиот е евидентиран од полицијата како сторител на повеќе разбојништва.