Бројот на жртвите при уривањето на зградата Рана Плаза во Бангладеш се искачи на 761

Од:

Бројот на жртвите при уривањето на зградата Рана Плаза во главниот град на Бангладеш, Дака пред две недели, според најновите податоци, се искачи на 761 лицe.

Спасувачите екипи во текот на минатата ноќ и претпладенво од под остатоците на осумкатната зграда, што се урна на 24 април, извадија околу 50-тина тела на загинати. Во реонот околуурнатините се шири непријатна миризба на телата кои брзо се распаѓаат на високите температури.

Засега официјално не се знае уште колкузагинати има под остатоците на Рана Плаза. Во зградата биле сместени пет текстилни фабрики, во кои работеле над 3.000 лица. Досега од под урнатините беа спасени околу 2.500 лица.

Властите денеска започна со исплата на отштети и плати на преживеаните работници во фабриките што беа смесетни во зградата. Исплата уследи откако вчера неколкустотици работници ја блокираа главната улица кон Рана Плаза, со барање да им бидат исплатени платите за минатиот месец, како и средства за помош и обесштетување.

Во врска со уривањето на објектот полицајата во петокот го уапси инженерот Абдур Разак Кан, консултат во градежната компанија „Рана Плаза“, која бесправно доградила уште три ката на зградата.

Неколку дена пред инцидентот градежната инспекција констатирала дека зградата не е безбедна и издала налог за нејзино иселување, но ваквите предупредувања биле занемарени од сопствениците на фабриките.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници