Патриотски протест поддржан од владиката Агатангел попладнево пред седиштето на ЕУ

Од:

Протест наречен „Семакедонски народен собор“ е најавен на социјалните мрежи за попладнево пред седиштето на Европската унија во Скопје, против, како што велат организаторите, „омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство.“

Протестот треба да почне во 17:00 часот пред зградата на ЕУ на бул.„Климент Охридски“, а планирано е учесниците потоа да се движат кон Собранието.

Пред една недела, собирот преку видеопорака го поддржа митрополитот на МПЦ-ОА Агатангел, кој рече дека тој е инициран од „група млади поттикнати од љубовта кон земјата, а разочарани од немањето македонска национална политичка партија“.

„На овој семакедонски собор групно со песна ќе се појде до македонскиот парламент да се искаже незадоволство прво кон промената на светото македонско име, промената и непризнавањето на македонскиот јазик, непризнавањето на МПЦ, која е столб и тврдина на оваа света македонска држава. На демократски начин да се избориме за нашите права“, вели во пораката владиката Агатангел, кој ги повикува присутните на протестот да ги почитуваат сите заштитни мерки против ширењето на коронавирусот.

Од МВР информираат дека од 15 часот до завршувањето на протестот, во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим.

– Затворени за сообраќај од 15:00 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици: ул. „Кирил и Методиј“, бул.„Св.Климент Охридски“, ул.„Димитрие Чуповски“, ул.„11-ти Октомври“, ул.„Македонија“ и ул.„Даме Груев“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по бул.„Кочо Рацин“, бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, бул.„Партизански Одреди“, ул.„Павел Шатев“, ул.„Антон Попов“ и други околни сообраќајници, информираат од МВР.

Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција