Сириската армија презеде денеска стратешки важен град во јужниот дел на земјата по двомесечните борби со бунтовниците, изјавија претставници на опозицијата.
Преземањето на Хирбет Газале, кој се наоѓа на патот за Јордан, може да им помогне на владините сили да ја вратат контролата врз меѓународната транзитна маршрута.
Бунтовниците го загубија градот, откако сирискиот опозициски воен совет, кој е поддржан од Јордан, не успеа да им достави оружје.
Според локалните бунтовнички команданти и активисти тоа предизвикало незадоволство меѓу опозициски борци, кои чувствуваат недостиг на поддршка од Јордан во нивните напори во борбата против силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.