Изложба на дела од Александра Кокотовиќ во рамки на Ликовната колонија „Кавадарци-Михајлово”

Од:

Локален Музеј – галерија Кавадарци во соработка со Дом на култура “Иван Мазов Климе“, Министерството за култура и градоначалникот Митко Јанчев и кавадаречкиот општински Совет, во рамките на ликовната колонија Кавадарци-Михајлово 2020“ синоќа во салоните на Музејот ја отворија изложбата на дела од ликовната уметничка Александра Кокотовиќ.

Оваа уметничка доаѓа од Р. Србија, член е на друштвото на ликовни уметници на Србија и на Босна и Херцеговина. Има реализирано неколку самостојни и учествувано на повеќе групни изложби.

На изложбата говореа ликовниот уметник Владимир Темков, директорката на Домот на културата Јулијана Туриманџова и директорката на Музеј галерија, Весна Ѓорѓиева, која ја прогласи изложбата за отворена.

-Уметницата, како што вели и самата, уметноста ја гледа како лек што ја прочистува и ослободува душата, рече меѓу другото Ѓорѓиева, говорејќи за животот и делото на Кокотовиќ.

Изложбата беше организирана според сите протоколи од уредбата на Владата, за превентива и заштита од вирусот Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска