Три златни, два сребрени и четири бронзени медали освои карате клубот ,,Сансаи Метал Апостолов” од Кавадарци на првото онлајн првенство за деца до 15 години, во дисцилината кати, во машка и женска конкуренција.
Првенството организирано од Карате федерацијата, траеше повеќе дена, а прогласувањето на најдобрите беше вчера попладне. Учествуваа деца од цела држава.
-На натпреварот учество земаа 89 натпреварувачи од 16 клубови. Натпреварот беше организиран согласно стандардите на Светската карате федерација и пропишаните мерки од страна на Министерството за здравство. Изведбите на кати беа на отворен простор, домашни услови, со запазување и одржување на социјална дистанца во време на пандемија од коронавирусот, појасни тренерот Ивана Аврамова.