Џенова: Брод удри во контролна кула, тројца загинати

Од:

Најмалку три лица загинаа, а шестмина се ранети во судар на брод во контролната кула во пристаништето во италијанскиот град Џенова. Судбината на седум лица се уште не е позната.

Двајца од загинатите се вработени во пристаништето, а третиот е еден од капетаните. Според локален весник во несреќата загинале двајца мажи и една жена. Огромната, над 50 метри висока кула, е разурната од сударот.

tovaren-brod-genova1

Инцидентот се случил точно при предавањето на смените на вработените и затоа во кулата имало повеќе луѓе од вообичаеното.

Три лица веројатно биле блокирани во лифтот на кулата и можеби паднале во морето. Сударот се случил додека товарниот брод „Џоли Неро“ менаверирал на излегување од пристаништето.

Бродот со должина од 238 метри и тежина од 40.594 тони е сопственост на компанијата Инацио Месина енд. Ко.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски