Во Прилеп отворена изложбата „Микроманипулации“ на Владимир Здравески

Од:

Во ликовната галерија на прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ синоќа беше отворена изложбата „Микроманипулации“ од уметникот Владимир Здравески. Уметникот, кому оваа е прва самостојна изложба, на публиката ѝ понуди девет дела како плод на авторовото истражување на микроскопски записи од разни органи и други ситуации кои се дел oд микросветот.

Според Здравески причината за создавањето на делатa е предизвикот да извлече некаква микроситуација од микро во макропростор.

–Секој составен дел од тој свет има своја посебна намена и улога, значајна за себе и за целината. Секој дел е понесен од некаква енергија за да ја врши таа функција, а истата таa eнергија е и нашата движечка сила, рече Здравески.

Здравески е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и во странство, а минатата година од Факултетот за ликовни уметности од Скопје ја доби наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во областа на сликарството.

Изложбата беше отворена пред галеријата со сите мерки за заштита.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска