ВМРО-ДПМНЕ: Кримитендерашката влада на Заев доживува крах, 40 илјади нови невработени за 5 месеци

Од:

„Власта на Заев ја турка Македонија кон економски амбис. Тие со денови молчат за пропаѓањето на Еуростандард банка афера тешка 200 милиони евра, затоа што струмички фирми блиски до Заев се директно вмешани во новиот ТАТ. Кога е направена ревизија на банката и се активирани хипотеките тие компании свесно се однесени во стечај што создава голема криза кај банката.

Очигледно дека не само министерката Нина Ангеловска, туку и овие фирми пред време ги извадиле парите од банката или правеле зделки со што го загрозиле работењето на банката. Поради ваквиот однос на луѓе од власта и фирми блиски до неа денес имаме 100 илјади блокирани сметки, дваесетина илјади неисплатени пензии, и стотина нови невработени“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Но ова не е единствениот лош показател на економските политики на власта. За само три месеци државата е задолжена за нова милијарда евра. За 5 месеци имаме скоро 40 илјади нови невработени лица. Во периодот јануари-јули ние имаме намалување на приходите за 8% во однос на минатата година. Потрошен е буџетскиот дефицит од 520 милиони евра, а патем реализацијата на капитални инвестиции е пак исклучително ниска, што покажува дека парите се трошени на непродуктивни трошоци и изборен поткуп.

Експертите велат дека и покрај ваквото галопирачко задолжување, државата до крајот на годината ќе нема доволно средства за сервисирање на основните обврски. Поскапувањето на струјата за 7,5% и поголемите давачки на горивата имаат за цел да го покријат неспособното и неодговорното работење на власта, но за жал тие ќе предизвикаат инфлаторни движења кои уште повеќе ќе ја влошат состојбата.

Сето тоа е доказ дека кримитендерашката власт на Заев е посветена на своето лично богатење и максимално организирање на криминалот, додека економијата тоне , а стандардот на народот е во слободен пад“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски