Чешкиот министер за надворешни работи заспа за време на седница

Од:

Чешкиот министер за надворешни работи, Карел Шварценберг, денеска повторно беше „фатен“ од камерите како спие во јавност и тоа на седницата на Долниот дом на Парламентот, на која првпат се обрати неодамна избраниот претседател Милош Земан.

Земан, кому Шварценберг му беше ривал при претседателските избори не пропушти јавно од говорницата да го искритикува шефот на чешката дипломатија.

Не очекувајте од мене дека јас ќе бидам службеник кој ќе дојде во Замокот, ќе навлече црни ракави и ќе потпише се што што ќе му се даде без да прочита, рече Земан додавајќи дека доколку пратениците сакаат некого кој „добро ќе се најаде и потоа ќе заспие“ требало да одберат некој друг, пренесуваат медиумите.

Шварценберг, пред новинарите негираше дека спиел и рече дека само се обидел да се одмори.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица