Кумановец со тајно направени снимки уценувал жена што го одбила за брак

Од:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.И.(36) од градот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “уцена“.

Пријавениот, во временски период од лани до пролетва бил во љубовна врска со жена, која ја искористил за без нејзино знаење да направи снимки со компромитирачка содржина.

Во април годинава, осомничениот ја побарал оштетената за жена, но таа ја одбила неговата брачна понуда.

Кумановецот по ова ѝ се заканил на жената, чија возраст и потекло не се открива во полициското соопштение, дека ќе ги прати снимките на нејзините роднини и пријатели.

За да ѝ покаже на несудената сопруга дека е сериозен и дека навистина ја снимал, уценувачот ѝ пратил две видеа, заканувајќи се дека останатите јавно ќе ги објави на социјалните мрежи, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он