ЕК: Очекуваме новата влада во Македонија да ги почитува ЕУ заложбите

Од:

Европската Комисија очекува добра соработка со новата влада во Северна Македонија и посветеност кон ЕУ агендата, изјавија денеска од оваа институција.

На новинарско прашање дали Европската Комисија навремено ќе го објави прогрес извештајот за Северна Македонија и дали ќе можат да започнат преговорите за членство во ЕУ, портпаролката на Европската Комисија не беше во можност да даде прецизен одговор засега.

– Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата влада во Северна Македонија и да продолжиме да ја следиме стратегијата за интеграција во ЕУ, ќе продолжиме исто така да работиме со владата во борбата против пандемијата од Ковид-19, изјави заменичката на портпаролката за проширување.

Таа додаде дека Европската Комисија исто така очекува од новата македонска влада посветеност кон остварување на ЕУ реформите, посебно во делот на ЕУ законодавството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Извештајот на ЕК нотира притисок на власта врз судството и високо раширена корупција

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски