Во Соборниот храм со свеќите се делеле и налепници за трето дете

Од:

Граѓани се јавија во редакцијата на „Плусинфо“ да информираат дека во продавницата за свеќи во Соборниот храм во Скопје, во саботата вечерта во пресрет на празникот Велигден, кога купувале свеќи, им биле делени и налепници на кои пишувало „Секој треба да има три деца“, објави Плусинфо.

Истата информација ја потврдија и од свеќопродавницата во Соборниот храм, меѓутоа, не знаеја да кажат кој им го доставил промотивниот материјал и од која причина. На булеварот Партизански одреди пред Соборниот храм, во саботата вечерта покрај лушпи од јајца, расфрлани беа и ваквите налепници во форма на летоци.

Свештеникот Горан кој бил присутен вечерта во храмот, за Плусинфо телефонски изјави дека не е информиран дали имало такви налепници во црквата, но доколку навистина постоеле, тогаш демантираше било каква поврзаност на црквата и на свештениците со нивното делење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силна поддршка за СДСМ од партијата на Европски социјалисти

Емир Латифовиќ

Груевски не сакаше да влезе, пратениците се инаетеја

Ана Ололовска

Почит и незаборав за прилепските бранители!

Емир Латифовиќ

Професорите му одговорија на ректорот: Престанете да манипулрате со нас

Емир Латифовиќ

ФОТО: Поројни дождови во Дебарско, одрони и прекинат локален сообраќај

Емир Латифовиќ

Секој Македонец троши по 50 евра годишно во кафеана

Емир Латифовиќ