(ВИДЕО) Димитриеска Кочоска: Владата на Заев е одговорна за аферата Еуростандард тешка 200 милиони евра

Од:

Претседателката на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, обвинува дека власта бега од темата на кои компании блиски до власта им биле делени кредити без покритие.

„Имаме апсолутен молк од власта и очигледна намера да се сокрие аферата Еуростандард банка тешка 200 милиони евра. Нашите сомнежи говорат дека кредити без покритие биле делени на компании уште пред 3 години. Тие кредити биле давани на компании кои биле основачи на други компании и тоа без прецизни и издржани планови за отплата. Кредитите биле наменети за изградба на згради и станови. Тие кредити се давани и на повеќе струмички компании блиски до власта, без соодветни хипотеки. Кога е направена ревизија и активирани хипотеките тие компании свесно се однесени во стечај што создава голема криза кај банката“, вели Димитриеска Кочоска.

Таа прашува што правеле државните институции задолжени за контрола на банката и освен министерката за финансии, Нина Ангеловска, кои други луѓе од власта пред време ги извадиле парите од банката.

„Владата на Заев е одговорна за аферата Еуростандард тешка 200 милиони евра, што струмички компании се богателе со кредити без покритие од банката, што денес имаме 100 илјади блокирани сметки, бизниси кои стојат, дваесетина илјади неисплатени пензии, и стотина нови невработени.

За 5 месеци имаме скоро 40 илјади нови невработени лица. Тоа значи крах и фијаско економија“, додава Претседателката на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ