Казахстански уметник без две раце не добил британска виза бидејќи не дал отпечатоци!

Од:

Казахстанскиот уметник Карибек Кујуков (44), кој е роден без двете раце, не добил британска виза затоа што не може да даде отпечатоци од прстите.

Лондонските медиуми пишуваат дека тој требало да присуствува на една антинуклеарна конференција во Единбург, но го откажал присуството кога од Британскиот конзулат во Истанбул добил писмо во кое е информиран дека не може да му дозволат влез во Велика Британија. Образложението било дека во апликацијата нема биометриски податоци од рацете на Кујуков.

– Јас сум инвалид откако сум роден, и во пријавата за барање виза напишав дека немам две раце, а дека сликам држејќи ја четкичката во уста или меѓу прстите на нозете – вели револтираниот казахстански уметник, кој со своите слики веке 20 години води кампања за нуклеарно разоружување.

Кујуков е роден во реонот на Семипалитинск, каде во времето на поранешниот Советски Сојуз се наоѓаше главниот полигон за изведување на нуклерни проби. Многу деца од тој дел на Казахстан се родени инвалидизирани, во времето кога таму се изведувани пробите за советското нуклеарно оружје.

Претставник на британскиот Хоум Офис изјави денеска во Лондон дека сликарот Кујуков не е одбиен за барањето виза, туку дека она што се случило е само „грешка во комуникацијата“.
Казакстанецот одби одново да пополнува апликација за британска виза.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан