Нафтата поевтини по собирањето на профитот

Од:

Цената на суровата нафта изутринава се намали, откако трговците го собраа профитот оставрен по позитивните резултати на американскиот пазар на труд и растот на тензиите на Блискиот Исток.

Американската лесна нафта за испорака во јуни поевтини на берзата во Њујорк за 60 центи на 95,56 долари за барел.

Истовремено на берзата во Лондон барел северноморска нафта од типот „брент“ поевтини за 40 центи на 105,06 долари.

– Позитивните податоци за вработувањето во САД малку ги изненадија пазарите, оцени аналитичарот на сиднејската фирма Фет профитс, Дејвид Ленокс.

Американското стопанство во април отвори 156 илјади нови работни места и ревидираше најмногу податоци за претходните два месеци, што доведе до пад на стапката на невработеност на 7,5 отсто и оптимизам околу пазарот на труд во најголемата светска економија и потрошувач на нафта.

Трговците исто така ја следат ситуацијата на Блискиот Исток, откако Сирија предупреди дека ќе одговори на воздушните напади на Израел на воените цели во околината на Дамаск.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот