Крушево и Валандово се единствените два македонски града во кои во моментов не е регистрирано ниту едно лице кое е активно заразено со коронавирусот, информираат здравствените власти. Во Ресен и Кратово во моментов има по еден активен случај на Ковид-19, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
Најмногу активни случаи на болеста се регистрирани во Скопје – 836, во Куманово има 361, во Гостивар 286, а во Штип – 221 активен случај. Во Тетово се регистрирани 180 лица активно заразени со вирусот, а во Кавадарци – 90.
Во скопските општини, најмногу активни случаи се забележани во Чаир – 117, Гази Баба – 112 и во Аеродром – 104. Уште три скопски општини: Кисела Вода (98), Карпош (91) и Центар (91), бројот на активно заразени лица е блиску до 100.
Еве ја дистрибуцијата на активни случаи во сите скопски општини:
• Чаир – 117
• Гази Баба – 112
• Аеродром – 104
• Карпош – 91
• Центар – 91
• Кисела Вода – 98
• Ѓорче Петров – 58
• Бутел – 68
• Шуто Оризари – 37
• Студеничани – 22
• Сарај – 26
• Арачиново – 15
• Илинден – 12
• Сопиште – 8
• Чучер Сандево – 7
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странци – 5
• Нераспределени – 1